Аутфит за секоја фотографија | Trendseteri
Menu

Аутфит за секоја пригода

Модни комбинации во кои ќе се заљубите

 

Повеќето денови можеме тотално да се извлечеме носејќи ја нашата најудобна модна комбинација, како на пример, фармерки и широка маичка, но кога станува збор за посебни прилики, каде што со сигурност ќе има една или две фотографии за на инста, ви треба облека што ќе ве издвои од останатите! За таа цел ви ги издвојуваме следниве модни комбинации кои не можат да ве разочараат пред блицовите.



Сако, панталони со широки ногавици и шпиц високи потпетици

Панталоните со широки ногавици изгледаат чудесно на фотографиите бидејќи овозможуваат контраст на вашиот струк, правејќи го да изгледа многу потесен. Шпиц штиклите ќе ви ги издолжат нозете, додека пак, струкираното сако дополнително ќе ви ја дефинира силуетата.



Долг капут и фармерки во форма на ѕвоно

За разлика од вашите омилени тесни фармерки, овој модел визуелно ќе ви ги намали колковите, додека истовремено ќе ви ги истенчи и нозете. Особено ако ги одберете во потемна нијанса. Капутот дополнително ќе ви ги истакне најдобрите атрибути.



Џемпер во форма на ролка, рамни фармерки и чизми со високи потпетици

Додајте волумен во горниот дел, а намалете го надолу. Ова е најдобриот рецепт за да изгледате послабо на целосните снимки. Само запомнете да одберете фармерки со висок струк за да добиете подефинирана фигура. Чизмите имаат декоративна улога, за да ве издвојат од останатите.



Широка блуза, лелеави панталони и сандали со боја на кожа

Време е да ги извадите лелеавите панталони доколку сè уште не сте го сториле тоа. Овој широк модел со куси ногавици прави чуда за вашиот струк и ве издолжи на камера. Пролетниот ветер ќе овозможи филмски ефект, додека пак сандалите ќе му дадат топла нота на целиот изглед.



Макси фустан и сандали со високи потпетици

Оставете голем впечаток со оваа женствена комбинација. Неутралните бои ќе направат да изгледате нежно на фотографиите, а доколку сакате повпечатлив изглед, додајте некоја интересна алка.



Кардиган, кошула со копчиња, тесни фармерки и впечатливи штикли

Ова е одлична комбинација за сите ниски девојки! Силуетата што ја создава елекот ќе направи да изгледате повисоко на фотографиите, додека пак впечатливите штикли ќе го одвлечат целото внимание од вашата ситна градба и ќе ви додадат висина на целосниот изглед.



Широк џемпер, миди здолниште и салонки со боја на кожа

Никогаш не можете да згрешите со здолниште во форма на буквата А, кое го намалува вашиот струк и помага при истакнување на фигурата како песочен часовник. Пастелните бои на оваа комбинација создаваат еден вид монохроматски изглед што ќе ве издвои од останатите.



Бела маичка, црни тесни фармерки и разнобојни штикли

Ако треба да одберете само една модна комбинација што би ја носеле до крајот на животот, дефинитивно треба да биде оваа! Црните фармерки секогаш истенчуваат, додека пак белата маичка е одличен додаток за фотосесија, бидејќи ги одржува нештата едноставни. Нека комбинацијата биде едноставна во однос на нијансите, но одберете впечатлива боја за вашите штикли.