Архитектонско чудо: Куќа со неверојатен поглед | Trendseteri
Menu

Архитектонско чудо: Куќа со неверојатен поглед

Вонземјански дизајн на бетонска куќа

 

Домот наречен Concrete House, односно бетонска куќа, е уште еден од генијалните проекти на иранскиот архитект Реза Мохташами, познат по бројни проекти во духот на брутализмот – стил во модерната архитектура кој посебно се истакна после Втората светска војна па се до лудите 70-ти години.

Куќата е сместена во карпа и има прекрасен поглед од кој застанува здивот. Во неговиот проект бројни луѓе гледаат идеален дом на главниот негативец на Џејмс Бонд филмовите. Освен надворешниот изглед, големо внимание е посветено и на самиот ентериер, односно во просториите од кои се гледа чист поглед кон езеро опкружено со шума.