Ареа со нов сингл и спот "Те спомнувам" | Trendseteri
Menu

Ареа со нов сингл и спот “Те спомнувам”

Животот е радост, да го живееме до максимум

 

Рок групата Ареа од Гостивар вечерва ја пушти во етер нивната нова песна под насловот “Те спомнувам”. Заедно со промоцијата на новиот хит, објавен е и видео запис за истиот. 

“Со задоволство ви ја претставуваме новата песна на Ареа со видео запис, насловена како „Те спомнувам“.

Спотот е сниман на неколку локации во нашиот роден град Гостивар и тоа во градскиот парк, Домот на културата и рок барот Pink Floyd, под режисерската палка на Christian Shemko. Стајлингот е на Back Stage студиото на Среќко Ѓорѓиески”.
Им благодариме на нашите млади артисти: Ана, Маги, Леила, Теодора, Виктор, Росица, Ема и Војкан кои му дадоа радост и ведрина на спотот” – напишаа од Ареа.