Инспирација - кој ќе и даде 60 години??? | Trendseteri
Menu

Инспирација – кој ќе и даде 60 години???

Andie MacDowell и во 61-вата година плени со изгледот и модниот стил

 

На доделување на наградите „Glamour Women of the Year“ актерката предизвика големо внимание со изгледот и изборот на тоалетата.

На црвениот килим во Њујорк сите камери и фотоапарати беа вперени во неа. Фустан од тул, препознатлива фризура и минималистичка шминка беа доволни за гламурот да биде доведен до максимум.

Оваа актерска ѕвезда е и долгогодишно заштитно лице на козметиката L’Oreal и годините неможат да и наштетат.

„Денес не се оптоварувам со изгледот. Зрела сум и размислувам на друг начин, не ме интересира што мислат другите“- се изјасни таа. „Фасцинантно е колку можеме да бидеме строги спрема себе и да си ускратуваме некои работи само затоа што се плашиме од туѓите критики и јавни осуди.“-додаде.