Ана Стојанова – трендсетерка со стил | Trendseteri
Menu

Ана Стојанова – трендсетерка со стил

Спортски и тренди

 

Спортскиот стил кој беше тренд во 90-тите оваа година е повторно ин. Затоа не мора да се ограничуваме само на класична облека за дневните улични комбинации. Тренерките, спортскиот градник или впечатливите долги спортски чорапи не се само за во теретана. Спортските модели можеме да ги вклучиме во секојдневниот стајлинг и тука имаме добитна комбинација, модерен, тренди и удобен изглед. 

Доказ за тоа е нашиот фитнес модел Ана Стојанова која изгледа супер-тренди во овие спортски и навидум неспоиви комбинации. Бидете храбри како Ана и чувствувајте се удобно и кул. Најважно е да знаете како да се носите со тоа.