Ана Николиќ со емотивна порака ги расплака своите фанови | Trendseteri
Menu

Ана Николиќ со емотивна порака ги расплака своите фанови

“Тој проклет, најтажен, најгрд ден”

 

 

За српската пејачка Ана Николиќ денешниот датум е еден од најтажните во нејзиниот живот. Денес навршуваат две децении откако нејзиниот татко не е меѓу живите.

Пејачката и годинава во знак на сеќавање на својот татко напиша емотивна порака во која ги искажа своите тага и бол.

“Поминаа 20 години, а тој 11.05.1998 година…Тој проклен, тајгрд, најтажен ден… Недостигаш. За се што мина, за се што доаѓа… Не мина ниту една ноќ од овие 7300, а да не ти реков дека те сакам…” напиша Ана.

“Знам дека си горд на мене и Марко, на тоа какви луѓе станавме. И се што правев правев како да си тука…А мама – таа те замени достојни, моќно и силно, каква што отсекогаш и беше. Те сакаме.“ – напиша Ана споделувајќи емотивно видео со фотографии со нејзиниот татко. Николиќ ја сподели и својата песна со симболичен наслов ” Да те вратам”.