Гламурозно издание на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер
Церемонијата „Bambi 2016“ која се одржа во Берлин, германскиот фудбалер и сопруг на познатата тенисерка, Бастијан Швајнштајгер со гордост ја прошета на црвениот тепих својата убава сопруга Ана Ивановиќ.
За најпрестижното медиско случување во Берлин, Ана го одбра златно сребрениот фустан и ги воодушеви сите присутни. Ретро барок дезен, листови и цвеќиња сошиени на прозирниот фустан кој открива таман колку што треба за да заведе и да ја покаже совршената линија на младата тенисерка.
Од аксесоари Ана се одлучила за прозирна ташна, златен часовник и тиркизни обетки. Бастијан за оваа прилика носеше црно одело и совршено се вклопи со фустанот на неговата сопруга.