Alfa Romeo Giulia | Trendseteri
Menu

Alfa Romeo Giulia

Alfa Romeo Giulia во Македонија – Икона на италијанскиот дизајн

 

СТИЛ
Alfa Romeo ги придвижува емоциите во комбинација со богатата историја и магичниот микс од state-of-the-art технологија, перформанси инспирирани од брзина и заводнички стил.

ДА СЕ ОЖИВЕЕ ПЛАМЕНОТ НА ЖЕЛБАТА
Во Alfa Romeo се нарекува “неопходна убавина”. Секој детал на Giulia е извајан во функција на перформансите, да се создаде дизајн со мускулни форми и да се подобри нејзината аеродинамика.

НАДВОРЕШНОСТ
Новата Giulia е резултат на 106 години посветени на создавање на автомобилски ремек-дела. Надворешноста е еволуцијата на иконски дизајн, во смисол на технологијата и стил.

ВНАТРЕШНОСТ
Кокпитот кај Giulia е дизајниран да го стави возачот во центарот на сите ергономски функционалности. Една невидлива хармонична линија овозможува целосна контрола на инструмент таблата, километражата, менувачот и управувачот.

ОРИГИНАЛНОСТ ДИЗАЈНИРАНА И ПРОИЗВЕДЕНА ВО ИТАЛИЈА
Италијанскиот пристап кон дизајнот комбинира едноставност, квалитетни материјали и занаетчиска посветеност. Првото нешто што возачот ќе го добие е чувство на првокласност создадена во комбинација на материјали: цврсто дрво, површини од брусен алуминиум, кожа “Pieno Фиоре” и технички штофови. Управувачот кој е покриен со многу тенка кожа има еден детал: копче “Start”, предизвикувајќи страст за Giulia при секоје патување.

НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА
Овој седан со високи перформанси нуди ексклузивни технологии за првокласни динамични перформанси и задоволство при возењето.

РАЗВОЈ НА НОВИ ЕМОЦИИ
Во Giulia се вградени сите најнови технолошки достигнувања за безбедност и поврзување. Секоја команда во кокпитот е достапна и интуитивно поставена. Ова овозможува возачот да го фокусира своето внимание на патот во совршена симбиоза на човек-машина: поврзаноста меѓу возилото и возачот не познава граници.

БЕЗБЕДНОСТ
Giulia го комбинира задоволството при возењето со најдобрите безбедносни системи кои овозможуваат интуитивно управување, а ги спречуваат ризиците и опасните ситуации. Системот за предупредување за судир, системот за панично сопирање , функцијата за препознавање на пешаци, системот за предупредување за напуштање коловозната лента, Cruise Control со ограничувач на брзината се стандард на сите верзии на Giulia. Овие уреди за безбедност може да се надополнат со системот Blind spot monitoring како и камера за движење на назад со линии како индикатор на насока.

IBS – ПРЕМИЕРАТА НА ГЛОБАЛНИТЕ АВТОМОБИЛСКИ ПАЗАРИ
Интегрираниот систем за сопирање гарантира не само значителна оптимизација на тежината и намалување на вибрациите на ABS-от, туку и сопирање во рекордно мало растојание: 100 до 0 км/ч за 38,5 м. Giulia нуди дизел 2.2 мотор опремен со турбокомпресор и направен од алуминиум, во комбинација со неспоредливи перформанси и ефикасност. Овој мотор е достапен со 136 КС, 150 КС или 180 КС, со мануелен менувач со 6 брзини или со автоматски пренос со 8 брзини. За поголема респонсивност без латентност, турбополначот се активира при мали брзини за зголемување на вртежниот момент.

СРЦЕТО НА НОВИ ЕМОЦИИ
Кај верзијата QUADRIFOGLIO е достапен 2.9 V6 bi-turbo бензински мотор со 510 КС и автоматски пренос со 8 брзини.

ДИНАМИЧНОСТ – ЗАДОВОЛСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕТО БЕЗ КОМПРОМИС
Создавање на вистински Alfa Romeo е да се создаде автомобил без компромис, кој му овозможува возачко искуство на интуитивен и безбеден начин.

RWD РАМНОТЕЖА НА СТРАСТ И ДИНАМИЧНОСТ
Враќањето кон погонот на задни тркала во комбинација со прецизно и директно управување, претставува врвна синтеза на спортски дух, удобност и чисто задоволство во возењето.

ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАСТ ИМАЈЌИ ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА
Giulia е опремен со новиот патентиран систем за потпирање AlfaLink ™. Двојниот триаглоник на потпирање напред со управувачката летва ги држат тркалата напред совршено нормално на земјата.

ALFA ™ DNA КОМБИНИРАЈТЕ НОВИ ЕМОЦИИ
Уживањето во возењето и комфорот се прилагодуваат на потребите на најпребирливите клиенти и тоа благодарение на ALFA ™ DNA селекторот со три set-up функции (Dynamic, Natural и Advanced Efficiency) уред кој го прилагодува однесувањето на возилото во зависност од условите на патот и од стиловите на возење. ”Dynamic” овозможува попрециезен / по респонзивен одговор на сопирачките и управување за спортско возење на патот. ”Natural” го поставува поптпирањето во режим на удобност за совршена рамнотежа при патувањето. ”Advanced Efficiency“ ja оптимизира потрошувачката на гориво и динамичната ефикасност.

ПЕРФОРМАНСИ ИНОВАЦИЈАТА ВОДИ ДО ИНЗВОНРЕДНИ ПЕРФОРМАНСИ
Благодарение на карбонските влакна кај системот за пренос и алуминиумот кај капакот на моторот, вратите, Giulia има оптимална распределба на тежината.

ДИЗАЈНИРАНА ОД ВЕТРОТ
Giulia достигна Cx од 0,25 со посебно внимание посветено кај аеродинамичниот развој во воздушниот тунел. Особено, долната заштитата го подобрува протокот на воздухот под автомобилот и гарантира помалку турбуленции и динамична ефикасност.