Суданка прогласена за најдобра манекенка на светот | Trendseteri
Menu

Суданка прогласена за најдобра манекенка на светот

Таа е подобра и од супер-моделите Џиџи и Бела Хадид


Суданско-Австралиската манекенка Адут Акеч Биор е прогласена за најдобра манекенка на светот.
 
Ова признание го добила откако отворено зборувала за своите проблеми со анксиозноста и депресијата.

Модната кариера ја започнала со 16 години, а сега со свои 19 е прогласена за подобра и од супер-моделите Џиџи и Бела Хадид.

Адут е родена во избеглички камп во Јужен Судан, а во Австралија стигнала кога имала 7 години. Во јули минатата година беше избрана како втора црна девојка на Шанел во последните 14 години.