Адријана Лима со моќна појава | Trendseteri
Menu

Адријана Лима со моќна појава

Бразилската убавица вешто украла воздишки со своето позирање


Бразилскиот супермодел Адријана Лима (38)  на доделувањето на MTV (Videoa Music Awards) наградите во Њуарк/САД се појавила во моќно и секси издание на црвениот тепих.

На големото годишно музичко случување се најголемите музички имиња, меѓу кои и некои од најубавите жени на светот.

Една од нив од која никој не го тргал погледот кога се појавила на црвениот тепих била Адријана Лима.

Лима била облечена во целосно проѕирен зелен фустан под кој носела боди, а со сето тоа имала мокри локни, а од накит само обетки. Шминката посебно ги истакнала нејзините зелени очи па навистина било тешко да се тргне погледот од оваа убавица.

Згодната Бразилка вешто испозирала пред собраните фоторепортери кои во секој момнет ја следеле сè додека не слегла од црвениот тепих. А дека самата Лима подоцна во текот на ноќта си поминала убаво покажала на социјалните мрежи.

Исто така големо внимание привлекла и музичарката Мајли Сајрус која на синоќешната манифестација се појавила со девојка.