Бијонсе ја најави новата Adidas x IVY PARK колекција | Trendseteri
Menu

Бијонсе ја најави новата Adidas x IVY PARK колекција

Уникатна родово неутрална колекција на Адидас

После веста дека брендот на Бијонсе, IVY PARK е во соработка со Адидас пејачката излезе со видео во кое ја најави новата Adidas x IVY PARK унисекс колекција. Новата уникатна родово неутрална колекција вклучува парчиња облека како комбилезони, кошули, велосипедски шорцеви, дуксери и модни додатоци во боите на костен и портокал. Спотот е снимен на улиците во Лос Анџелес, а новата унисекс колекција официјално ќе излезе на 18 јануари.