Adidas од робот | Trendseteri
Menu

Adidas од робот

 

Adidas патика произведена 100% од робот…made in Germany

 

Гигантот за спортска опрема ги објави фотографиите на првите патики кои се произведени само од роботи, од фабриката на Адидас во Германија. Овој иновативен метод на производство ја најавува стратегијата на компанијата, која планира на долгорочен план во своите фабрики работниците да ги замени со роботи со што ќе има голем бенефит од поефтиното производство. Од таму велат дека за неколку години нивните фабрики ќе произведуваат еден милион пара годишно. Целта е да се произведуваат патики целосно прилагодени на потребите на купувачите за многу пократок период отколку сега.

Како што изјавуваат и други големи германски компании со производство во Германија, така и Адидас…никој не може поефтино да се произведува во свет како што може во Германија. Но има еден услов. Не смее да произведува човек. Со новата фабрика, адидас се приклучува во кругот на производители што поизведуваат повторно во Германија…Made in Germany