Нека е жива и здрава: Аца Лукас стана дедо!
Познатиот фолкер, Аца Лукас за прв пат стана дедо. Неговата ќерка Милијана вчера се породи во Белград и на овој свет ја донесе Миња, која е тешка 3 килограми.
Милијана е најстарата ќерка на Аца Лукас и неговата поранешна сопруга Светлана, а веста на фолкерот му ја соопштија за време на неговиот настап на една свадба во Берлин.
“Во Берлин сум на настап и пресреќен сум. Ќе почнам да славам само што ќе заврши свадбата” – изјави Аца Лукас за српските медиуми.
Потоа следеше и честитка од прекрасната Катарина Живковиќ која беше на свадбата во Берлин. На истата свадба присуствуваа уште неколку колеги од српската естрада, како Цеца и Џани.
“Честитаме дедо” – напиша Катарина.