Аца Лукас ужива на плажата „KYMATA“ во Паралија
На околу саат и дваесет минути од граница, во областа Пиера Паралија, близу Катерини, се наоѓаат најубавите плаи на овој дел од Грција. Една од најатрактивни за туристи, е плажата „KYMATA“, во превод таласи, која нуди екстра денски и ноќни журки. Најбројни туристи овдека се од Романија, Србија, Македонија, Италија, Данска и Германија.
Многу српски ѕвезди летуваат овдека меѓу кои и Аца Лукас, Рада Манојлович и многу други. Сопственикот Јоргос Пуцикус вели дека не е важна нацијата на луѓето, туку се труди за сите да биде привлечна и атрактивна.