5 фризури кои ќе доминираат во 2020 | Trendseteri
Menu

5 фризури кои ќе доминираат во 2020

Бидете женствени!

 

Модните трендови за убавина ги диктираат четирите најважни модни недели – Милано, Њујорк, Лондон и Париз.

За сезоната која доаѓа експертите за коса креираа низа на фризури кои активно ги следат прикажаните креации на најпознатите модни дизајнери. Исто како и облеката, фризурите се вистински хит на обожавателките на модата.

Овие 5 фризури ќе бидат апсолутен хит во 2020 година!

 

Речете “Да” на украсите за коса

 

За украсите за коса експертите велат дека важи правилото – што повеќе тоа подобро! Со нив ќе изгледате женствено, нежно и романтично давајќе впечаток на модна фанатичка која не се плаши да отстапи од границите и да остави личен печат во својот стил.

Враќањето на плетенките

 

Плетенките со големо задоволство ги носевме како девојчиња, а сега повторно се враќаат на голема врата. И не, не мора да имате долга коса. Фризерите велат дека тие се наменети за сите девојки.

Патец на средина

 

Патецот на средина често означува сериозност, дисциплина и елеганција. Долгата рамна коса е повторно во тренд, посебно со патец на средина. Идеална за дами со став.

Фризури со “мокра” коса

 

Иако сме свесни дека овој тип на фризура многу подобро изгледа на фотографии отколку во реалниот живот, сепак фризерите советуваат дека почетокот на новата деценија е вистинска прилика за оваа фризура која често ја гледаме на светските модни ревии.

Негувана коса

 

Блескава, сјајна и убаво обликувана коса е секогаш во тренд!