Брендот „4BM“ на светскиот пазар | Trendseteri
Menu

Брендот 4БМ на светскиот пазар

Ексклузивно интервју со креаторите на „4BM“ – Made in Macedonia

4БМ е бренд основан во македонија од страна на две девојки кои во преден план ги ставаат жените со уникатен стил и тргнуваат од нивните потреби за удобност и леснотија во движењето, претпочитајќи во исто време функционалност, иновативност и уникатност, следејќи ги линиите на женското тело.

„Со секој свој модел сакаме да ги поместиме границите од стереотипите и да создадеме нешто што ќе остави белег за колекција да биде претпознатлива.“

„Имено значењето на логото е посветено на луѓе кои ги сакаме и ги почитуваме. Во таа бројка и две букви ние го гледаме нашето заедничко минато и нашата иднината.

Со голема амбиција и страст кон она што го правиме, се одлучивме за онлајн продавница со цел да ја покажеме нашата креативност, нашиот начин на размислување за модата и нејзините трендови.

Имаме големи планови за нашиот бренд, но тоа ќе го откиреме наскоро…“

Брендот своја промоција имаше во Швајцарија на 30ти јануари 2020год во бар на 31 кат, со спектакуларен поглед на цел Базел.

На настанот присуствуваа многу познати швајцарски инфлуенсерки кои беа воодушевени од колекцијата.

Се одржа кратка ревија, по која следуваше разгледување на изложените модели, храна и неограничени коктели.

За атмосферата на евентот се погрижија двајца швајцарски диџеји и пет танчерки.

Колекцијата е составена од два дела : Non seasonal и Lux collection.

Во првиот дел на колекцијат можеме да најдеме по секојдневни уникатни парчиња, додека со вториот дел се наоѓаат многу ексклузивни зимски јакни изработени од врвни материјали и природни крзна.

„Сакавме што повеќе клиенти да се пронајдат во нашата колекција, затоа создадовме две варијанти.

Во колекцијата LUX поставите на јакните се изработени од материјалот кој се користи за падобранците (многу тешко се кине, водоотпорен, издржлив на секакви временски прилики и сл.), го вклучивме и материјалот Алпака кој е многу подобар од кашмирот, крзната кои ги имаат јакните се од животни починати по природен пат, затоа го има во мала количина крзното и поради тоа ја задржуваат својата вредност и уникатност.

Додека пак кај другиот дел од колекцијата гледавме парчињата да бидат што повеќе уникатни, квалитетно изработени и удобни.“

Во меѓувреме, искористете ја оваа шанса да се чувствувате моќно и мистериозно, привлечно и фасцинантно.