45 години од легендарниот “Кум”, тајни кои можеби не сте ги знаеле
Ретки се оние кои никогаш не го гледале филмот “Кум” од далечната 1972 година. Овој филм и ден денес се памети и се гледа, а на филмскиот фестивал Трибек ќе можеме да ги видиме славните актери заедно после неверојатни 45 години од снимањето на филмот. Основачот на Трибекот, Роберт Де Ниро, ќе ги собере Френсис Форд Копола, Ал Пачино, Дајан Китон, Роберт Дувал, Џејмс Кан и Талија Шајер. За жал на ова случување нема да присуствува легендарниот актер Марлон Брандо, кој почина во 2004 година.
Многумина не знаат дека снимањето на филмот “Кум” за повеќето актери било исклучително забавно. Додека пред камерите беа сериозни и опасни, Марлон Брандо, Џејмс Кан и Роберт Дувал позади камерите се натпреварувале кој најдобро ќе го покаже својот гол задник. Титулата ја “освоил” Брандо, кој влетал на венчавката и со задникот ги “фотографирал” сите гости.
Сигурно не се знаеле дека Ал Пачино за својата улога добил само 35 000 долари, колку што добиле и Џејмс Кан и Дајана Китон, додека за вториот дел добива дури 600 000 долари. Наместо Марлон Брандо улогата на Дон Вито Корлеоне за малку не ја добил Орсон Велс, од кого се барало да намали 20 килограми од својата тежина. Меѓутоа Копола на крај се откажал од него бидејќи сметал дека Брандо е подобар избор.
Џејмс Кан за потребите на улогата на Сони Корлеоне носел вештачки заби. Со оглед на тоа што филмот е сниман во 1972 година, изработката не била толку квалитетна и често го скокоткале. Роберт Де Ниро бил на аудиција за повеќе улоги, ама после многу години се дознава дека една од нив била улогата за Сони Корлеоне.