4 бои кои изгледаат најсофистицирано секоја зимска сезона | Trendseteri
Menu

4 бои кои изгледаат најсофистицирано секоја зимска сезона

Кои се најбараните и највпечатливите бои кои се хит секоја зима

 
Доминираат загасити бои во комбинација со нијанси на силно жолта и зелена.
 
Не е на одмет да дознаете кои се трендовите и да ставите на себе комбинација за која на прв поглед не би ни размислувале.
 
Еве кои се најдобри избори за оваа, но и секоја следна ладна сезона.
 
 
1. Бордо или вино боја
Помислете на шише француско Bordeaux вино и ќе бидете на добар пат. Оваа нијанса бордо боја ветува луксузен изглед, кој ви е потребен во декемвриските денови околу празниците.

2. Боја црно чоколадо
Уште една пријатна нијанса која ќе ви помогне при стилизирање околу предновогодишните аутфити. Клучот е во тоа да пронајдете што потемна нијанса, а доколку останатата гардероба ви биде во слични тонови ќе добиете фантастичен и балансиран зимски изглед.

иделно заоблено тело? кликни тука

 
3. Нијанси жолта
Оваа храбра нијанса на сцена ја донесоа колекциите на куќите Balenciaga и Versace. Одлична е како алатка за освежување на сивилото во кое понекогаш запаѓаме во магловитите месеци.
 
 
4. Боја сив камен
Зборуваме за светло сиви тонови, оние кои ќе ве освежат. Можете да носите целосно сива комбинација како што е дводелно одело или во комбинација со многу други бои затоа што сивата е секако неутрална и вечно класична боја.