4 модела високи есен/зима чевли за мажи | Trendseteri
Menu

4 модела високи есен/зима чевли за мажи

Ова се најдобрите модели на квалитетни кожни и високи машки чевли кои ќе ви помогнат оваа сезона да ви биде топло и да сте во тренд

 

Луксузните брендови за чевли оваа сезона предлагаат, длабоки чевли/чизми со врвки. Цврсти, кожни, планинарски чизми веќе ги преплавија плочниците на светските модни метрополи.

Некои од најдобрите модели секако доаѓаат со потпис нa Berluti, John Lobb, Bruno Magli и Stefano Bemer.

Stefano Bemer и Bruno Magli ја даваат својата атрактивност креирајки ги од зрнеста кожа, ултра лесни ѓонови или со додаток на антилоп кожа.

И додека сигурно не сакате своите тешко заработени Lobbs, Maglis, Bemers или Berluti да ги ставите на тестирање, бидете сигурни дека тие луксузни кожни чизми се направени да траат.

 

1. Stefano Bemer

Длабоките чевли кои би чинеле околу 1470 долари се совршен пример за врвното мајсторство на брендот. Богата кожа во чоколадна боја со крзнена внатрешност во светло крем боја, ќе ги штити вашите стапала од студот во престојниот зимски период. Комбинирајте ги со дебели елегантни панталони или со темен пар фармерки.

 

2. Bruno Magli

Доколку сте во потрага по длабоки чевли од полесна кожа, тогаш овие Bruno Magli Caruso од 695 долари се одлична алтернатива за темната верзија на Stefano Bemer. Овие чизми достигнуваат висина малку над глуждот и се поставени со сиво крзно за дополнителна удобност и топлина. Висината на овие чевли е идеална и за оние кои сакаат малку пократок модел панталони.

 

3. John Lobb

Иако овој бренд е препознатлив по мокасините, нивната есенско/зимска колекција веднаш ги привлече најмодерните мажи ширум светот. Нивната цена е 1630 долари, имаат малку изглед на чевли за планинарење, затоа што наместо дупчиња имаат атрактивен изглед со кукички за врвките. Одлична вест е што овие чевли можете атрактивно да ги носите и на улица и на планина и да изгледате максимално модерно.

 

4. Berluti Brunico

Brunico чизмите прв пат се претставени во 2011 година, а инспирирани се од брендот кој своевремено дизајнирал за Грета Гарбо во 1950 година. Овој модел е креиран за ултра-модерни мажи. Иако со нив нема да одите на планина затоа што нивната цена е вртоглави 2350 долари, сигурно ќе можете да ги прошетате по некој од престижните ски центри и да изгледате неодоливо.