Без оглед на тенот или бојата на косата, овие прекрасни нијанси стојат ама буквално на сите
Не ретко воочуваме дека во некоја боја не изгледаме добро. Едноставно не стои секоја боја на секој тен или коса. Но, ова е време на прекршување на модните правила, па така е и кога се во прашање боите.
Каква и да ви е бојата на косата или тенот, постојат 4 нијанси во кои, кажуваат, секој изгледа одлично. „Leatrice Eiseman“, директорка на институтот „Pantone“ изјавила дека некои бои стојат на сите, затоа што имаат иста рамнотежа на топло и ладно во себе, па не е битно дали вашиот тен е топол или ладен, дали сте бели или со темен тен.
За кои бои се работи?
Тиркизна
Оваа сино зелена нијанса не е лесно во почетокот да ја додадете во ормарот. Трикот за нејзиното носење е да ја комбинирате како вие се чувствувате најубаво. Уште еден начин е да ја носите со контрастни бои како црвената.
Црвена
Класична боја која убаво стои со секој тон на кожа и го надополнува. По најновите правила, црвената може да се комбинира со сите бои и ќе изгледате сјајно. Во оваа моќна боја сигурно ќе бидете забележани каде и да се појавите и секогаш во тренд.
Nude и бебешко розева
Иако веднаш некој ќе каже како оваа боја не му стои, според истражувањата не е така. Потребно е само да ја пронајдете вистинската нијанса и да заблескате во комбинација за која сте мислеле дека никогаш нема да ја облечете.
Боја на модар домат
Според Leatrice оваа силна боја може слободно да се комбинира со другите бои, а оваа и следната сезона ќе биде една од најбараните бои. Секогаш изгледа фантастично и драматично