25 години од брендот " Филанд" | | Trendseteri
Menu

25 години од брендот “ Филанд“

Филип Додевски  сопственикот на брендот за душеци “Филанд“ од Куманово по повод 25 годишниот јубилеј на компанијата до крајот на јуни своите верни потрошувачи ќе ги изненади со попуст на производите од 15%.

-“Филанд“ секоја година на клиентите им нуди попуст од нашите производи,така ќе биде и годинава, посебно бидејќи постоиме 25 години на Македонскиот пазар “,вели Додевски. Тој апелира до граѓаните да купуваат македонски брендови и новата влада да стимулира што повеќе брендови од нашата држава зошто според него тоа е клучот за успехот на компаниите кои се бават со производство на македонски производи со висок квалитет.

-Нашите душеци и перници можат да се носат со сите светски компании кои  ја имаат  истата дејност. Имаме одлични препораки скоро од сите познати саеми каде што се учествувале. Нашата фабрика во Куманово има капацитет и квалитет да им конкурира на западните фирми, па ние се бориме граѓаните на Република Македонија да се чувстуваат удобно со нашите производи, додава Додевски.