Своето доаѓање „поштено“ го наплати
JLo своето доаѓање на отварањето на шопинг центарот во Катар солидно го наплати.
Отварањето на овој центар минатата недела само по себе беше доста луксузно, а луксузноста ја зголеми и познатата пејачка, која 20 минути одговараше на прашања и во џебот си стави 2 милиони долари за тоа, а побара уште еден милион за трошоци.
На отварањето зборуваше за правата на жените, а по тоа одвои и време за позирање со фановите. По се изгледа дека нејзината цена е вистинска ситница за организаторите, затоа што следната недела ќе биде главна ѕвезда на уште една забава во Катар, каде што за еден сет од 20 минути ќе заработи 1,2 милиони долари.