ДВЕ ЛИЦА ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ ВО ОХРИД
На 02.11.2019 година околу 16,30 часот во СВР-Охрид пријавено е дека на ул.„Кузман Шапкарев“ во Охрид, во сопствената куќа била пронајдена почината Р. Д. (58). Од страна на екипа на Итната медицинска помош, констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе се врши обдукција.
На 02.11.2019 година во 17,45 часот во СВР-Охрид, пријавено е починато лице во куќа во охридското Косел. Од страна на Итната медицинска констатирана е смрт на С. А. (77) чие тело било во распаѓање. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Охрид, а по наредба на ЈО над телото на починатиот ќе се врши обдукција.