Кога ќе дојдат тешки денови и кога немаш на кого да се потпреш, овие работи ќе ги сфатиш:
- Ќе научиш дека понекогаш можеш да се обидеш на некого нешто да му објасниш, но луѓето тоа можат да го сфатат тогаш кога и на нив ќе им се случи истото.
- Почнуваш да сфаќаш дека само ти можеш да си помогнеш и тогаш почнуваш активно да ги решаваш проблемите.
- Полесно ти е да не разговараш за некои работи затоа што потсвесно ќе почнеш да очекуваш да се случат и ќе се разочараш кога нема да се случи она што си мислел дека ќе се случи.
- Ќе сфатиш на кого си му важна, а кој само глуми. Во тешките времиња се гледаат вистинските пријатели.
- Ќе сфатиш дека некои од твоите најдобри пријатели не те познаваат вистински, него познаваат само дел од тебе. Со други зборови, те сака кога си среќна, но не и кога си тажна.
- Некои луѓе ги смалуваат твоите проблеми затоа што не се опасни по живот, па затоа не сакаат да те слушаат. Од тие луѓе бегај подалеку!
- Почнуваш да бараш одговори наместо одобрување. Тоа значи дека ги правиш работите според своја проценка.
- Ќе научиш како да си одговорна за сопствениот живот. Ако нешто згрешиш, ти си одговорна и не обвинуваш други луѓе. Едноставно ќе научиш како да ги водиш своите битки, затоа што не е секој на твоја страна.
- На потешкиот начин ќе научиш да се прифатиш себе. Тешко е да мислиш дека си сама, а уште потешко дека не си виновна ти што си сама. На крајот ќе научиш да не ги земаш при срце работите и ќе бидеш силна додека си сама.
- Ќе научиш да се носиш со осаменоста. Ќе ги гушнеш своите мисли, својата збунетост и стравови. На крај ќе станеш безстрашна.
- Почнуваш да сфаќаш како секој има некаква улога во твојот живот, но некои немаат важна улога. Некои се тука привремено и нема да ти бидат пријатели до крајот на животот.
- Стануваш повнимателна кога се во прашање идните врски. Повеќе не веруваш и не се доверуваш така лесно.
- Понекогаш е подобро на луѓето да не им кажеш се за тебе, затоа што не знаеш кога и како можат тоа да го искористат против тебе.
- Сфаќаш дека сама може да се дигнеш после падот и дека не ти треба никој да се потпреш на него.
- Ова е тешка лекција, но и најважна. Можеш да прживееш само сама, затоа што некои луѓе само сакаат да те повлечат на дното.