Хелена Роза – Сите мислеа дека Игор е син на градоначалник | Trendseteri
Menu

Хелена Роза – Сите мислеа дека Игор е син на градоначалник

Хелена Роза открива тајни од приватниот живот

 

Тв водителката  Хелена Роза  веќе две ипол години со семејството живее во  Нов Зеланд. Таа и сопругот Игор заминаа на печалба, зашто како што вели Хелена овде не се пронаоѓала повеќе.

-Игор има 29 години, а јас 40, и кога сите мислеа на почетокот дека нема да успееме, ние го докажавме спротивното. Дека љубовта може да победи се, буквално се. На почетокот на нашата врска, сите мислеа дека Игор е некој богат фраер, син на градоначалник во Дојран, неговиот роден град. Многу се смеевме на тие трачеви, зошто тој беше голман, а јас кога го запознав работеше како келнер, вели Хелена. Тие двајцата  не им замеруваа на злобните јазици. Денес го имаат синчето Тиан, живеат во Окленд и супер заработуваат.

-Скопје го оставив и го најдов непроменето. Знаете кога живеете надвор од  Македонија, се чудите како воопшто сте функционирале овде. Во Нов Зеланд немам никаков стрес, луѓето се насмеани, пријателски расположени и љубезни, вели хелена.

Таа повеќе од 20 години  беше дел од македонскиот шоу биз, оставајки зад неа безброј Тв проекти, фотосесии и рекламни кампањи. Вели дека да бидеш јавна личност во Македонија е  тешко, односно повеќе губиш него што добиваш.

-Кога со моето работно СВ, барав работа во Окленд, сите ме гледаа зачудено, како во стилот што бараш ти тука. Не можеа да разберат зашто сум ја оставила родната земја, но ете јас и сопругот Игор така решивме и не се каеме. За два дена заминувам во Нов Зеланд и едвај чекам да си дојдам  дома. Скопје е исто како што го оставив, ништо не е изменето. Овде бев несфатена од општеството, владеачката партија не ми даваше работа, зошто знаете и сами дека се е исполитизирано. Не бев сватена и во појата подршка кон ЛГБТ заедницата и слично. Ја сум борец за човековите права и конечно живеам во земја како Нов Зеланд каде човечките права се на прво место, раскажува Хелена.Тв водителката по 18 години, по втор пат е мајка на двомесечниот Тиан. Нејзината ќекра Кјара веќе има 18 ипол години и Хелена вели дека одлично се снашла во новата средина.

 

Кјара е супер, работи и добро заработува. Дома се шегуваме дека Тиан со неполни два месеца ги виде сите годишни времиња, кога дојдовме во Окленд беше зима, а тука лето. Не се каам што се преселив од Македонија, но многу ми е жал за фамилијата што ја оставив, мајка ми Роза, сестра ми Ребека и вниците. Но заминав на подобро место, акде јас и Игор, ќе ги одлгедуваме децата во земја која нема никакви предрасуди и не е толку политички затруена.