Роби Телекабел - Мангуп со стил | Trendseteri
Menu

Роби Телекабел- Мангуп со стил

Роби „Телекабел“. Лик за почит!

 

Неговото име е Роберт Димитров-Роби сопственик на „Телекабел“ и според нас е клучна фигура во светот на модата кај нас. Ние  овде нема да зборуваме за неговите бизнис успеси, туку за модата која овој успешен бизнисмен ја диктира во Македонија. И кога е на кафе шема, кога е на бизнис состанок, на плажа или на скијање, Роби е скоцкан од глава до пети. Внимава на изборот на асесорис, од рачниот часовник па се до очилата за сонце.

Неговите омилени брендови се светски познатите марки како Бос, Армани, Филип Плеин и Долче  Габана. Чевлите внимава да му одговараат на стајлингот и секогаш очилата за сонце ги комбинира со аутфитот. Роби е џетсетер во права смисла на зборот. Малкумина мажи можат да се носат рамо до рамо со младиот штипски бизнисмен која е дефинитивно и  модерен Казанова кога се во прашање женските срца. Само не успеавме да дознаеме кој му е омилениот парфем.

Поред тоа што е успешен во бизнисот и хуман човек, тој е и успешен во изборот на неговиот аутфит. Затоа може да се вклучи во кругот на „Трендсетери“!

21475_10153994948781445_2013734985522038908_n12321396_10153994948786445_414627000310866567_n10580023_10153773187901445_4360676784633356923_n11406966_10153345142701445_5916711179879617552_n    12496483_10153826210341445_4627125456362359946_o  403825_10150535684486445_1834720809_n