Новите Samsung Galaxy S8 и S8+ пристигнаа и во Македонија | Trendseteri
Menu

Новите Samsung Galaxy S8 и S8+ пристигнаа и во Македонија

Новите Samsung Galaxy S8 и S8+ пристигнаа и во Македонија

 

 

По светската премиера, Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co. Ltd.) ги претстави своите најнови паметни телефони, уредите Галакси С8 (Galaxy S8) и Галакси С8+ (Galaxy S8+) и на Македонскиот пазар. На настанот кој се одржа денес во ресторанот „Воденица“, претставниците од медиуми и деловните Партнери на Компанијата се уверија дека преку моќните перформанси и беспрекорен дизајн, последната генерација на телефони – Галакси С8 носи потполно нов начин на интеракција за корисниците на уредите. Официјалната продажба во Македонија започнува на 28 Април, а сите заинтересирани овие паметни телефони ќе можат да ги нарачаат кај Операторите и малопродажните Партнери – објавија Smartportal.mk.

Со најновите модели на паметни телефони ги поместуваме границите во мобилната индустрија. Претставуваме телефони кои со својот хардвер и софтвер во потполност одговараат на потребите на современиот корисник. Галакси С8 телефонот пристигнува со екран од 5.8‘’, додека С8+ како и повеќето модели од оваа серија имаат екран од 6.2’’. Со новиот персонализиран интерфејс – Бигзби (Bixby), додатокот DeX, одличната камера, унапредениот систем на сигурност како и низата функции кои корисниците ги засакаа кај претходните модели, Галакси С8 и С8+ во потполност претставуваат пресвртница во развојот на паметните телефони“, изјави г-дин Милан Вујовиќ, Маркетинг Директор на компанијата Самсунг за Адриатик Регионот.

Галакси С8 и С8+ уредите се карактеризираат со бескраен екран (Infinity display) и компактен дизајн без рамки кој допринесува за уште поголема удобност при користење на телефонот со една рака. Дополнителната издржливост на телефонот претставува високиот квалитет на завршната обработка на стаклото Coring Gorilla Glass 5 на предната, како и на задната страна на телефонот.

Покрај стандардно врвната Dual Pixel камера од 12 мегапиксели на задната страна, за љубителите на добрата фотографија, Галакси С8 и С8+ пристигнуваат и со премиум камера на предната страна од 8 мегапиксели, со автоматско зумирање. Со дополнителна заштита од „матни“ фотографии како и напредните можности за обработка на слики, корисниците ќе можат да креираат фотографии со врвен квалитет и во услови на слаба осветленост.

Како прв мобилен уред со HDR функции, Галакси С8 и С8+ обезбедуваат потполно нов начин на уживање и им овозможуваат на корисниците да перципираат живите бои и контрасти додека ги гледаат своите омилени видео содржини. Исто така, поголемата брзина и ефикасноста на новите модели обезбедуваат 10 нанометарски чип – прв во оваа индустрија.

Најновите телефони од Galaxy S семејството се конфигурирани врз основа на безбедносната платформа Samsung Knox и обезбедуваат широка палета на биометриска технологија, вклучувајќи сензор за отпечаток од прст, скенер на ирисот на окото и можност за препознавање на лице. Покрај сите новости, Galaxy S8 и S8+ ги нудат и веќе познатите Galaxy функции од претходните модели како: отпорност на вода и прашина, MicroSD поддршка до 256GB, Always on Display функција, како и брзо безжично полнење.

Исто така, една од главните карактеристики на последната генерација на телефоните на Самсунг е интегрираниот интерфејс Бигзби кој овозможува персонализирана помош за секој корисник, на база на континуирано следење на интересите на корисникот, локациите и ситуациите во кои се наоѓа. Бигзби се интегрира со вградените апликации на Самсунг како: камера, контакти, галерија, пораки и прилагодување.

Уште една од новостите која ја подготви Самсунг како додаток на новите Galaxy телефони е Samsung DeX. Ова е решение за трансформација на паметниот телефон во десктоп уред на едноставен начин, користејќи ја процесорската моќност на Galaxy S8. Со помош на DeX додатокот корисниците ќе можат лесно да ги прикажат и изменат податоците на својот телефон и на тој начин да постигнат уште поголема брзина и ефикасност при работа на проекти.

Љубителите на Galaxy S сериите во Македонија ќе можат да го изберат својот уред во една од трите бои: “Полноќно црна“, “Орхидеја сива“ и “Арктички сребрена“, додека препорачаната малопродажна цена (со вклучен ДДВ) изнесува 49.499 денари за Galaxy S8, односно 55.999  денари за Galaxy S8+.

За дополнителни информации за производот, посетете ја страната: www.samsungmobilepress.com и www.samsung.com/rs/smartphones/galaxy-s8/

Samsung Galaxy S8 и S8+ – Спецификации  на производот

  Galaxy S8 Galaxy S8+
Оперативен Систем Android 7.0
Мрежа LTE Cat. 16**Може да се разликува во зависност од пазарот и операторот за мобилна телефонија
Димензии 148,9 x 68,1 x 8,0 mm, 152 g 159,5 x 73,4 x 8,1 mm, 173 g
Осмојадрен (2,3GHz Quad + 1,7GHz Quad), 64 bit, 10 nm procesОсмојадрен (2,35GHz Quad + 1,9GHz Quad), 64 bit, 10 nm proces

* Може да се разликува во зависност од пазарот и операторот за мобилна телефонија

Меморија 4GB RAM (LPDDR4), 64GB (UFS 2.1)* Може да се разликува во зависност од пазарот и операторот за мобилна телефонија
Екран 5,8” (146,5mm)1 Quad HD+(2960×1440), (570ppi) 6,2” (158,1mm)1 Quad HD+(2960×1440), (529ppi)
Екранот се мери дијагонално, како целосен правоаголник, додека заоблените рабови не се земаат в предвид
Камера Задна камера: Dual Pixel 12MP OIS (F1.7), Предна камера: 8MP AF (F1.7)
Батерија 3.000 mAh 3.500 mAh
Брзо полнење (жично и безжично)Безжично полнење компатибилно со стандардите WPC и PMA
Плаќање NFC, MST
Поврзување Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac (2.4/5GHz), VHT80 MU-MIMO, 1024QAMBluetooth® v 5.0 (LE do 2Mbps), ANT+, USB Type-C, NFC,

локација (GPS, Galileo*, Glonass, BeiDou*)

*Покритието за Galileo и BeiDou може да биде ограничено

Сензори Забрзување, воздушен притисок, отисок на прст, жироскоп, геоматентен сензор, Халов сензор, сензор за срцев ритам, сензор за близина, сензор за RGB осветленост, сензор за ирисот на окото, сензор за притисок
Аудио MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, WMA, AMR, AWB,FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA, DSF, DFF
Видео MP4, M4V, 3GP, 3G2, WMV, ASF, AVI, FLV, MKV, WEBM

*Сите функции, карактеристики и други информации за производите изнесени во овој документ вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на бенефиции, дизајн, цени, компоненти, перформанс, достапност и способности на производот, се подложни на промени без претходни известувања и обврски.