Дина Шабани со нов имиџ и нов хит | Trendseteri
Menu

Дина Шабани со нов имиџ и нов хит

Младата поп ѕвезда Дина со нов хит

 

Младата поп ѕвезда Дина Шабани освен што може да се пофали со новиот имиџ на секси бринета, деновиве го сними и спотот за нејзиниот нов хит „Un Amore“ на продукцијата Урбан интертејмент. Албанските медиуми на голема врата пишуваат за талентираната пејачка од  срцето на Скопје за која тврдат дека ќе направи Интернационална кариера како нејзините колешки Рита Ора, Бебе Реџа и Дуа Липа.

Дина Шабани е порасната во мешано семејство во Скопје, со мајка македонка и татко албанец. За неа допрва светот ќе слушне, пишуваат албанските медиуми и додаваат дека  убавата скопјанка  е како ретка птица која треба само да се пушти од златниот кафез и да ги освои музичките топ листи.

Фото-Ветон Османи