Двете сестрички Илина и Ева, светски а наши | Trendseteri
Menu

Двете сестрички Илина и Ева, светски а наши

Илина и Ева Соколовски ги полнат германските медиуми

 

Двете сестрички Илина и Ева, родум од Македонија, за кои и досега пишувавме, наголемо ги освојуват сите можни награди во светот на гимнастиката во Германија. Илина и Ева Соколовски ги полнат германските медиуми токму поради нивниот неверојатен талент во ритмичка гимнастика. Илина во категоријата до 12 години е двократен првак, додека помалата Ева, храбро чекори по стапките на сестра и. Успехот на двете сестри, германците го присвојуваат за себе, додека нивниот татко Горан Соколовски се  бори на сите натпревари тие  да го носат знамето на Македонија. И додека челниците во Македонија сеуште не се свесни дека талентираните девојчиња на светот гордо му го веат македонското знаме, Германија  се обидува нивните успеси да ги присвои за себе.