Работа за Германија | Trendseteri
Menu

Виолета Пеева- Сакам да вработам амбициозни луѓе кои сакаат да работат

За оние што сакаат да работат

 

Македонско-германската фирма “Кол Центар Спес  Груп“ објави оглас за работа на млади и амбициозни луѓе кои добро го владеат германскиот јазик. Седиштето на оваа реномирана фирма е во Скопје. Главниот менаџер Виолета Пеева вели дека фирмата има капацитет за 20-тина вработувања.

-“Кол центарот е основан во 2015 година. Досега успешно работиме со неколку германски фирми,а од неодамна станавме главни представници во Македонија за германска фирма која работи со снабдување на домаќинствата со струја и гас. Затоа решивме да вработиме млади луѓе ,кои првенствено знаат германски јазик. Имаме најава за разни проекти ,така да еве шанса за вработување“, вели Виолета. Оваа млада  и амбициозна девојка неколку години престојува во Германија. Потоа се враќа во Скопје каде  го основа Кол центарот.Досега успешно работи на проексти каде покажа одлични резултати. Спес Груп исто така , врши обуки и курсеви  по германски јазик на медицински лица кои сакаат да аплицираат за работа во  Германија. Сите оние кои сакаат добра работа со европска плата можета да пишат на мелиот Info@vp-spesgroup.mk

14658311_10209814343828650_1764496177_n14643063_10209814327588244_1792031521_n