Џејсон Стејтам и Роузи Ханингтон Вајтли очекуваат бебе | | Trendseteri
Menu

Џејсон Стејтам и Роузи Ханингтон Вајтли очекуваат бебе

Џејсон Стејтам и Роузи Ханингтон Вајтли очекуваат бебе

 

Британскиот пар ја сподели најрадосната вест! Џејсон Стејтам и Роузи Ханингтон Вајтли наскоро ќе станат родители.

Убавата манекенка објави фотографија на инстаграм по костим за капење каде јасно се гледа заоблениот стомак. “Многу сум среќна да споделам дека со Џејсон очекуваме бебе. Со многу љубов Роуз “, напиша 29-годишната убавица на нејзиниот профил.

Познатиот актер минатата година ја запроси својата девојка, со која е во врска веќе 6 години. Во моментов и двајцата живеат во Лос Анџелес.