"Још ме плашиш" на Елена Ристевска и Хари Варешановиќ доби и видеозапис | | Trendseteri
Menu

“Још ме плашиш” на Елена Ристевска и Хари Варешановиќ доби и видеозапис

“Још ме плашиш” на Елена Ристевска и Хари Варешановиќ доби и видеозапис

 

 

Нашата мега ѕвезда Елена Ристевска на својот фејсбук профил вчера го објави новиот видеозапис од дуетската песна со босанската ѕвезда Хари Варешановиќ, “Још ме плашиш”. Песната ја промовираа уште минатата година, а како автор на песната се потпишува Хари и Ален Лемешевиќ, додека за аранжманот беше задолжен Дарко Димитров.

Спотот започна да се снима уште пред неколку месеци во Скопје, а дел од кадрите се доснимија во Белград и тоа пред само една недела. Делот од спотот кој се снимаше во “Хотел Русија” во Скопје, беше под режисерската палка на Васил Христовски, како директор на фотографија се потпишува Дуле Кардалески, а за организација се погрижи “Џубокс продукција”.
За стајлингот на Елена и овој пат беа задолжени нејзините долгогодишни соработници Даниел Николовски и Мила Кадриу. На останатиот дел од спотот кој се досними во Белград, како режисер се потпишува Мурис Беглеровиќ и “Готива продукција”.

Извршен продуцент на овој спот е Елена Ристеска.