Што прават денес- Теодора Раптис, државен првак во пливање – Успехот се менува со годините | Trendseteri
Menu

 Што прават денес- Теодора Раптис, државен првак во пливање – Успехот се менува со годините

 

-Родена сум  1977 година  во Скопје,со пливање почнав да се занимавам од својата 5 годишна возраст и тоа најмногу поради сестра ми кој исто така беше пливачка.

Се занимавав со пливање до мојата 30та година и имам испливано доста базенскитрки и маратони.Сум била и Државен првак на времето и Републички додека сеуште бевме СФРЈ,државен првак во поранешна СФРЈ во пионерски категории.Имам доста медали,дипломи,пехари награди и сите ми се драги не можам да издвојам некој посебно.За сите освоени пехари сум имала исто трема,нервоза,страв и радост, го започна разговорот нашата маратонка во пливање Теодора Раптис.

Што работис денес?

Денес сум Доктор по Стоматологија во ПЗУ Димевска – Раптис

 

Од каде една маратонка доби желба да биде стоматолог?

Уште додека пливав знаев дека ќе бидам Доктор,тоа што сум Стоматолог и Орален Хирург си дојде само по себе со текот на годините.

Пливањето воопшто и не го напуштив,сеуште сум активен тренер во ПВК Орион од Скопје.Па тие цело време беа и се дел од мене,почнав како пливач па продолжив како пливач/стоматолог и сега сум само стоматолог.Добро, и тренер но сепак, едната со другата работа само се надополнуваат.

Денес си мајка на две дечиња.Како ги впспитуваш, во духот на спортот или ќе бидат медицинари?

Децата ќе бидат тоа што ќе одлучат самите,сега за сега Нина плива и ја има нашата подршка, но сепак мислиме дека најдобро е да биде активна во повеќе области, било да се спортски активности или академски.И Нина и Коста ќе мора да спортуваат е сега дали тоа ќе биде активно натпреварувачко спортување или само чисто рекреативно, тоа останува на нив.Важно е тие да бидат среќни и задоволни со тоа што ќе го одберат.

Што е за тебе успех,од денешнаа персектива?

Успехот се менува со годините и во зависнот од тоа од каква перпспектива го гледаш е различен.Кога бев пливачка успех беше да победам на трка,да совојам медал и подобрам рекорд.време.Сега кога сум Доктор успех е нашите пациенти да бидат задоволни од услугите кои ги даваме во ординацијата со Габи и Маре.

Но најважен успех е тој од како стнав мајка е моите деца да ги израснам во воспитани и културни личности.

 

Постои култура кај нашиот народ ,во смисла за подобра насмевка на пример?

Културата се менува со годините,секогаш има луѓе кои внимаваат на своите заби но има и луѓе кои не внимаваат.Затоа сме ние тука докторите да ја шириме таа култура,а воедно и тоа е нашата цел и мисија.

Следиш пливање?

Да,го следам пливањето.Јас сум секогаш подржувач и навивач на нашите спортисти така што во моментов ја бодриме Анастасија Богдановски на Светското првенство во Будимпешта.Како дел од тренерскиот тим на ПВК Орион навивам за нашите пливачи кои настапуваат како репрезентативци на Македонија.

Како би се опишала себеси?

Тешко се опишувам сама себе,тоа го оставам на другите

 

Пливачка или заболекар?

И двете,има денови кога наутро сум на работа а поладне сум на базен како тренер или обратно.Како што кажав тие две работи се надополнуваат.

 

Што размисливаш кога си покрај вода?

Зависи каде сум покрај вода,доколку сум на море или езеро баш ништо.едноставно уживам во гледката.Додека сум на базен гледам како пливаат пливачите.мерам време корегирам техника.Но сепак водата ме смирува каква и да е сакам да сум покрај неа.