Штип го доби најдобриот кафе бар во земјава | Trendseteri
Menu

Штип го доби најдобриот кафе бар во земјава

Отварање на Кафе Бар „Illusion“

 

Летната сезона во Македонија подразбира и отварање на нови клубови, кафе барови, ресторани, а воедно тоа се случува и на 5 Јули во Штип, каде ќе се отвори „Illusion“ долго очекуваниот и веке со месеци најавуваниот кафе бар ќој ке има за задача да ги помести граници во ентериерско уредување, задача да ги врати младите на подиум, задача да ги донесе најпопуларните артисти од земјава и регионот, задача која треба да донесе резултат на урбано живеење и европски стандарти за работа.

Од менаџментот на локалот најавуват персонал и услуга на ниво како и гостите на прво место. Кафе Бар „Illusion“ се наоѓа во строгиот центар на Штип и ќе се простира на две нивоа и летна тераса, ќе работи летово со полна пареа со најдобрите артисти од Мк и регионов. Исто така се најавубаат техно фестивали, тематски забави, афтер ворк, лејдис најт, латино и коктел забави. Проектот како ќе изгледа локалот е изработен од најдобрите архитекти од Македонија, па по тоа со гордост ќе најавиме и отварање на еден од најубавите локали во земјава. На 5 јули несомнено ќе ве има во огромен број на свеченото отварање, а како гости се поканети луѓе од целата држава, бидејки целта е „Illusion“ да постане препознатлив бред насекаде низ земјава.

За атмосферата и отварање за паметење ќе се погрижи овогодинешната преставничка на евровизија Јана Бурче и нејзиниот бенд до 22 часот, за да после ситуацијата кулмимира со грчкиот дј Ангри Роус кој важи за еден од најпопуларните артисти кај јужниот сосед. Исто така се најавуваат многу пиротехнички матерјали, јавни личности, озвучување и светло на ниво, во еден збор забава каква Штип одамна не  почуствувал.