Цеца со посебни барања за време на престојот во Скопје
Мегаѕвездата Цеца Ражњатовиќ во сабота ќе одржи голем концерт во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Таа од организаторите поднела список на барања за време на нејзиниот престој во нашата метропола. Имено, Цеца посакала свежо цвеќе во нејзниот апартман во „Гранд Плаза“, потоа на секој два часа, да и се носи свежо овошје и риба.
На списокот е и флаширана негазирана вода и бајадери. Инаку за концерот на големата ѕвезда, интересот е огромен, така да веќе се полнат и последните празни места. Цеца ќе пее голем дел од новите песни, како и хитови под постарите албуми.