Хуманитарна акција “Купи фотографија, подари момент„ | Trendseteri
Menu

Хуманитарна акција “Купи фотографија, подари момент„

Почитувани наши читатели и колеги. Новинарката  Маја Велјаноска  боледува од канцер на коските, а лекувањето во Унгарија изнесува околу 15.000 евра. Сите кои што сакаат и се во можност да помогнат, можат да донираат на следната жиро сметка 210 700000633061 Тутунска банка, за Маја Велјановска, со назнака донација. Маја  работеше како новинар во “Свет“.Мајка е на две преубави девојчиња. Нејзините колеги фоторепортери, на чело со познатата фотографка Јасна Суша од магазинот „Свет“ започнаа акција за собирање парични средства со продажба на ниви фотографии под мотото „Купи фотографија, подари момент„. Изложбата ќе биде во сабота во “Дежаву“ во Аеродром. Цената на фотографиите е од 500 до илјада денари.Ве молиме бидете хумани.14729256_559277944282322_4904788492995879071_n

На фотографијата е Маја со нејзиниот колега новинарот и тв водител Зоки Фаци