Хелена Роза – Амазонка со храбро срце | | Trendseteri
Menu

Хелена Роза – Амазонка со храбро срце

Амазонка со храбро срце

 

ТВ  водителката Хелена Роза  може слободно да ја наречеме Амазонка на македонскиот шоу бизнис. Безброј ТВ емисии,  избори за мис, фотосесии, рекламни кампањи и   радио и телевизиски гостувања, ја направија супер жена на нашите простори.

Кариерата како Тв водител ја  започнува многу рано, на 17 годишна возраст, потоа следуваат  големи проекти на националните телевизии, од Сител па се до најгледаната А1 телевизија. На свои 17 години во Америка ја освојува титулата за мис,а како фото модел работи успешно неколку рекламни кампањи. Блиските за  Хелена ќе речат дека е отворена, комуникативна, со убава мисла, искрена и секогаш позитивна.  Нејзиниот вроден сексапил, убавото деколте и високите потпетици се нејзиниот заштитен знак. Сензуалниот поглед и бујната коса и даваат изглед  на урбана  лавица во филмовите за амазонките. Таа дури и глумеше во неколку македонски краткометражни филмови.

Јавноста ќе ја запамети со забавната емисија „Во кревет со Хелена“  како и со настапот на забавното шоу „Јас имам талент“ во Белград,каде го освои 4-тото место. Хелена е мајка на убавата ќерка Кјара која дефинитивно ја наследила убавината на славната мама. Поради незадовосто на системот  во Македонија пред  неполни две години  Хелена Роза со семејството ја напушти Македонија и се пресели во Нов Зеланд. Трагата која  оваа жена борец ја остави во македонскиот шоу биз е непроценливо богатство кое треба да се  цени. Нејзината храброст и пожртвуваност ја направија да биде македонската Јованка Орлеанка. Хелена е голем борец за човековите права. Далечната Нов Зелеанд треба да е благословена земја што има ваков хуман човек во неа. За жал Македонија ја изгуби.

10268449_575948945874090_2258206897733591229_n13091905_772876186181364_4133238596035830311_n10670253_518689544933364_1545616467473097117_n13692536_812070638928585_7164682545611366179_n1383634_322789487849943_284524314_n10690128_572453009557017_1147681206004546725_n1398618_358531287615858_1981031454_o