Младиот бизнисем Филип Додевски е сопственик на брендот за душеци “Филанд“.
Колку што знам вашето семејство започнало со мал бизнис, за денес да стигнете до она што го поседувате. Како започна семејниот бизнис?
Во раните `90 години се формираа многу фирми. Тогаш моите родители ја основаа и компанијата ФИЛАНД и нашата компанија почнала да се занимава со трговија. Неколку години имавме книжара во центарот на Куманово. Работевме со учебници ,книги, тетратки канцелариски материјали итн.
По само три години преминувате на нешто поголемо.
Согледувајки ја потребата на пазарот за хефт спајалици, моите родители се одлучиле за инвестирање во машина за производство на хефт спајалици. Хефт спајалиците се производ кој наоѓа мошне широка примена во секојдневното живеење. Поседуваме опрема за производство на преку 100 различни видови хефт спајалици. Покрај производството на стандардните типови на хефт спајалици за канцелариска употреба ги произведуваме и скоро сите типови на хефт спајалици за дрвната индустрија, индустријата за производство на мебел(тапациран и плочест) и индустријата за производство на амбалажа(палети, дрвени гајби,картони)
Со оглед дека сте прилично млад, кога се вклучивте во семејниот бизнис. Имавте желба како дете да се врткате во книжарницата или пак во погонот за происвотство на хефт спајалици?
Нашата дневна соба секој септември изгледаше како магацин за книги и тетратки. Па така, уште од најмала возраст учествував во пакувањето и селектирањето на учебниците. И бизнисот со хефт иглиците се случуваше во мојот дом. Производството на хефт иглици го отпочнавме во нашата гаража. Неминовно беше и моето вклучување во тие активности. Во почетокот целокупното пакување на хефт иглиците беше рачно. Јас најчесто бев задолжен за виткање на кутиите за паковање.
Чија беше идејата бизнисот да се прошири и да се занимавате со полиуретанска пена – сунѓер.
Во годините кога ја направивме инвестицијата во машина за производство на полиуретанска пена и опремување на погонот, производството на тапациран мебел во Македонија бележеше значителен пораст и континуирано зголемување на извозот. Со оглед дека најголемиот дел на производители на тапациран мебел ги снабдувавме со хефт иглици неминовно се јави потреба да го прошириме производството и со полиуретански пени, полупроизводот кој значајно учествувава во производството на тапациран мебел.
Живееме во брзо и бурно време исполнето со стрес. Сите сакаме добар одмор кога ќе дојдеме дома. За тоа секако многу големо влијание има удобниот кревет, добриот душек. Тоа го препознавме во душеците со кои работиме. Сметам дека компанијата Филанд на македонскиот пазар нуди подобри решенија за одмор и опуштање од традиционалните душеци. Душеци произведени по најнови научни сознанија за квалитетен и здрав сон. Нашата порака е истражете ги нашите производи и пронајдете го решението кое најдобро одговара на Вашите потреби и навики…Сите наши производи се направени од современи и сертифицирани материјали со потврди за квалитет. Секој од нас има специфични потреби за удобен душек. Некој сака доживување како да лебди додека спие на мек душек, на некому му треба потпора да се опушти и полесно да стане.Ние имаме одговор за желбите на купувачите. Во нашиот асортиман имаме душеци за секоја желба,н авика или стил…врвен квалитет за секоја потреба, и секако по добра цена, која е попристапна за македонскиот купувач. Изборот е Ваш.
Посочете ми дел од вашите производи и за кого се наменети.
BASIC се препорачува на лица кои сакаат екстремно тврди душеци.
MAX се препорачува на лица изложени на зголемени напори или зголемен стрес во текот на денот.
DOUBLE за брзо да потонете во сон, ако спиете на MEMORY страната. Да се расоните брзо и да станете со ентузијазам – со потпора на HR страната.
BEST MEMORY H5 ексклузивните високо еластични материјали гарантираат мирен сон и покрај секојдневниот стрес.
MEMORY LATEX За максимална удобност и уживање во соништата, со 6 сантиметри ECO Latex . ECO LATEX е извонреден материјал со подобрени својства во однос на природниот латекс. После подолго користење собира дури три пати помалку прашина од останатите материјали кои се вградуваат во душеците.
Каде можат да се најдат тие производи? Каде имате свои салони?
Сега засега заинтересираните купувачи можат да не посетат во нашиот продажен салон во Куманово. Верувам дека брзо ќе се уверат во високиот квалитет на производите кои ги нудиме. Покрај душеците во напите салони има и и перници, а може да најдат и најквалитетни постелнини од македонски производители.
Што значи душек од вашата фирма? Која е разликата помеѓу нив и обичните душеци?
Моментално на пазарот се нудат најразлични душеци, како душеци со федери , со мемори пена со алое вера, со латекс мал милион комбинации но одговорот на крај на ден се сведува на удобен душек за мирен сон на кој ќе може да се освежиме во текот на ноќта. Дали сте се прашувале понекогаш што Ви треба за здраво спиење, релаксација и грижа за вашето здравје? Ни се чини дека знаеме доволно, но со текот на времето сепак произлегува дека нешто сепак недостасува … Веќе напоменав живееме динамично, со многу тензија и секојдневен стрес. Затоа нам ни е потребно подобро решение за одмор и релаксација од оние што се понудени од страна на традиционалните душеци. На нас и на нашите деца, ни се достапни производи создадени според најновите научни сознанија за здраво спиење. На нашите родители, новите производи, исто така може да обезбедат долгорочни здравствени решенија за ‘рбетот и успешна превенција на остеопороза. Фирмата ФИЛАНД Куманово обезбеди производи кои третираат специфични потреби и проблеми за време на одморот – од ортопедска поддршка до забрзана релаксација и длабок сон.
Ја препознаваат ли Македонците разликата и потребата од подобар душек? Имам впечаток дека ни е побитен изгледот на рамката на креветот отколку на душекот?
И тоа како Македонците ја препознаваат потребата од добар душек. Многу од нашите купувачи доаѓаат во нашите салони со веќе одбран производ… Веќе се запознаени со карактеристиките на душекот кој највеќе им одговара на нивната положба и начин на спиење. Сите душеци од нашиот асортиман се произведени по најнови научни сознанија за квалитетен и здрав сон.
Задоволни ли сте од условите за водење бизнис во Македонија?
Во време на политичка криза најголеми проблеми со кои се соочуваме во секојдневното работење е намалената побарувачка за тапациран мебел и ограничениот потенцијал за развој на оваа индустрија поради малиот домашен пазар и слабите можности за извоз. Намалената побарувачка за мебел кај нас се рефлектира во поглед на намалувањето на ликвидноста и профитабилноста.