Успешна животна приказна на Тоше Зафиров, билдерот со среќна ѕвезда | | Trendseteri
Menu

Успешна животна приказна на Тоше Зафиров, билдерот со среќна ѕвезда

Кога ќе го видите Тоше Зафиров на прв поглед ќе ви заличи на гладијатор од некоја арена во минатото. Мускули,строг поглед,онака самоуверен, Зафиров ќе ви остави впечаток на лошо момче од старите историски филмови. Но, не е така се како што изгледа. После две реченици сврзани со него, веднаш го менувате мислењето и со мерак може да  ислушате што тој има да каже за неговите почетоци,  како профсионален билдер и обезбедувач на јавни личности. Тоше  дошол во Скопје од Неготино, само со еден ранец полн со младешки ентузијзам и желба да го грабне животот со голи раце.Исто како што денес, години подоцна, ги грабнува шипките со теговите  што живот му значат.Тој  напиша дури и книга за неговиот живот,патот до успехот и славата. Денес, Тоше е еден од нашите најуспешни боди билдери, тетко и сопруг. Има своја теретана “ Гладијатор„  во Кисела вода во Скопје,каде скопјани секојдневно вежбаат заедно со својот гуру од кого можат многу да научат за фитнесот и билдерството.Уживајте во галеријата на Зафиров.