Скандал на саемот на венчаници во Александар Палас
Кучето Кипер од расата доберман со бела лептир машна со кристали Сваровски стрипливо чекаше да започне ревијата на годинешниот саем за венчаници во хотелот Александар Палас. Кипер требаше да биде модел заедно со една манекенка во венчален фустан и топ моделот Спасоје Кликовац како нејзин продужник, идеја на нашиот млад дизајнер Џеј Зи, но тоа не се случи. Обезбедувањето на хотелот не дозволи дресираниот црн доберман да учестува на ревијата со образложение дека хотелот не е “ дог френдли„. На оваа одлука на обезбедувањето на само 5 минути од почетокот на ревијата прв изреагира тв водителот Зоки Фаци и неговата блиска пријателка моделот Сашка Тортевска-Стојановска кои рипнаа во одбрана на кучето. И покрај сите обиди да објаснат дека доберманот е дресиран и дека треба само 2 минути да биде модел од шоуто на дизајнерот Џеј Зи, обезбедувањето инсистираше кучето да ја напушти салата. Дури и органиозаторот на саемот за венчаници под притисок на обезбедувањето на Палас реши кучето да не учествува на ревијата, што шредизвика лавина реакции на присутните кои до пред малку се сликаа со убавиот доберман. Овој скандал набрзо се рашири и по Фејсбук,а јавноста се стави во одбрана на кучето. Здруженитео за заштита на животните „Анима мунди“ излегоа со свој став во врска со овој скандал, еве ја нивната реакција-
Во свет каде што кучињата работат како социјални работници и помагаат на луѓе од најразлични категории, дали во посебни институции, дали во болници, ручаат со своите сопственици во ресторани, кај нас добиваме вести дека Кипер, доберман вдомен од прекрасна и наша драга личност, доберман кој живее со две мали деца, е избркан од хотел Александар Палас за време на ревија во која самиот требало да учествува како ѕвезда на вечерта и да се шета на писта со манекени.
Причина која ја наведило обезбедувањето на хотелот- не сме dog friendly хотел…
Епа драги хотелиери и организатори на настани, наместо да си добивате пофалби за вашата професионалност, иновативност, учтивост и гостопримство, успевате, на најпримитивен начин, да поставите стандарди за тоа како НЕ ТРЕБА!
И додека на Запад домашните миленици се третираат рамноправно со луѓето,кај нас животните апсолутно немаат никакви права.