Сите се сеќавате на “Pussycat Dolls”, но вистината за нив ќе ве запрепасти | Trendseteri
Menu

Сите се сеќавате на “Pussycat Dolls”, но вистината за нив ќе ве запрепасти

Сите се сеќавате на “Pussycat Dolls”, но вистината за нив ќе ве запрепасти

 

 

Кога некој ќе спомне “Pussycat Dolls”, веднаш на памет ни паѓа Никол Шерзингер, која беше главна пеачка и танчерка на оваа група. Меѓутоа, покрај неа беа уште пет девојки: Кармит Башар, Ешли Робертс, Џесика Сута, Мелоди Тонртон и Кимберли Вајат.

Славната шесторка, освен по хитовите, кои на секој чекор можат да се слушнат и ден денес, ја паметиме и по нивните совршени тела, секси аутфити и фантастичните кореографии. Меѓутоа, успехот и славата на нивната група, која постоеше од 2003 до 2010 година, има и своја мрачна страна.

Никол после нејзиното напуштање на бендот, се соочила со т.н. болест болимија – невротско нарушување што се одликува со повремени напади на претерано прејадување и последично повраќање, како и употреба на лаксативи или диуретици и прекумерно вежбање, се со цел да се намали телесната тежина, а за тоа денес говори и Кимберли. Таа открива дека воопшто не била свесна за нејзината популарност бидејќи нон стоп водела сметка за нејзината исхрана.

– Цело време водев грижа само за својата тежина. Нон стоп ни вршеа мерења и строго ни ги следеа нашите животни навики, во случај да не се здебелиме, дури ни килограм. Бевме под страшен притисок, тој период не го паметам толку по успехот што го имавме, колку по постојаните проверки и притисоци под кои бевме изложени, за да изгледаме како анорексични вонземјани – изјавила пеачката.

Денес се труди да се храни здраво, а таквите здрави животни навики ги пренесува и на нејзината ќерка.

– За жал, се плашам дека таа, како и многу девојки во светот, може да имаат пореметување на исхраната, заради модната и шоубизнис индустрија, која се фокусира на нереален изглед на повеќето жени. Секој ден правам прошетка во парк со мојата ќерка и гледам млади девојки кои трчаат и зборуваат за калориите. Тоа е ужасно.