Саша Ковачевиќ го преполни базенот"Снупи" во Велес | | Trendseteri
Menu

Саша Ковачевиќ го преполни базенот“Снупи“ во Велес

Српската ѕвезда Саша Ковачевиќ вчера пееше во базенот “ Снупи“ во Велес. И покрај дождот што непрестано паѓаше, не ги поколеба велешани да го видат својот миленик во живо.Саша како вистински професионалец не престана да ги пее своите големи хитови. На невремото во Велес му пркосеа баладите на Саша, а публиката на дождот два часа уживаше со прекрасниот вокал на српската ѕвезда.Саша доби и подарок торта  од неговиот пријател Боби,на која беше неговиот лик и ликот на Бекам, со споредба кој ќе биде поголема ѕвезда.