Сани "блесна" на настанот за козметика организиран од Козметик Петков | | Trendseteri
Menu

Сани “блесна” на настанот за козметика организиран од Козметик Петков

Сани “блесна” на настанот за козметика организиран од Козметик Петков

 

 

Саботата на 25.03.2017 година во хотелот Континентал за прв пат во Македонија се одржа прес конференција наменета за козметиката, начинот на нејзиното професионално користење и бесплатно едуцирање од истата област. Пресот традиционално ќе се оддржува секоја година, а неговата цел е да се подигне свеста, квалитетот и професионалноста за сите оние кој се бават со тој бизнис, давање услуги , комуникација, нега на лице, нега на нокти, професионална шминка, здравје…

На оваа прес конференција присутвуваа повеќе од 200 жени, сопственици на козметички салони ширум цела Македонија. Заштитно лице на овој настан предводен од Убавка Петков, лидер, творецот и иницијаторот за оваа прекрасна организација е прекрасната и атрактивна пеачка Сања Гроздановска-Сани, каде едноставно блескаше на целата церемонија.

За време на отворената дебата во однос на работењето и професионалното излагање на салоните на пазарот во Македонија, прашањата и проблематиките ги решаваа стручни лица, мастер едукатори, фризерски техничари, но и доктор специјалист Гордица Бежовска, која се погрижи детално да ги запознае сите присутно со дерматолошките болести кој се дел од новите генерации на заразни и преносливи инфекции. Убавината се негува а за тоа потребна е комплетна едуцираност, искуство и знаење.