Ракометарката Викторија Пеовска стана заштитно лице на „Филанд„ | Trendseteri
Menu

Ракометарката Викторија Пеовска стана заштитно лице на „Филанд„

Убавата ракометарка на ЖРК “Куманово“ Викторија Пеовска од неодамна стана заштитно лице на македонскиот бренд за душеци “ Филанд“ од Куманово. Брендот годинава слави 25 години од постоењето, па  затоа од менаџментот на „ Филанд„ решиле токму младата ракометарка да стане нивно заштитно лице.Пеовска игра на позицијата лев бег и таа е капитен на екипата со просек од 8 гола по натпревар. Од фотографиите на нашата фотографка Стефани Павловска, може да се види, дека Викторија освен како врвна спортиска,може да се пофали и како одличен модел.Инаку производите на „ Филанд“ наскоро ќе се најдат и во земјите на Европската унија.