Хелена Роза синчето Тијан за прв пат го носи во Македонија
Тв водителката Хелена Роза по цели три години, денес си дојде дома во родното Скопје. Хелена го понесе и едноипол месечниот син Тијан и 18 годишната ќерка Кјара. На скопскиот аеродром ја пречекаа мајка и Роза и сестра и поп ѕвездата Ребека. Таа во Скопје ќе остане околу еден месец, да се види со пријателите и блиските родини. Хелена пред три години заедно со сопругот Игор се преселија во Нов Зеланд.