Марија Груевска блесна на овогодишниот „Макфест“
На 32-то издание на музичкиотб фестивал „Макфест“ во Штип, поп-пејачката Марија Груевска ги помести сите граници со нејзината изведба на песната „Ме правиш среќна“.
Младата атрактивна пејачка на сцената излезе во креација на дизајнерот Џеј Зи која повеќе откриваше отколку што покриваше. Публиката на нозе и со свирежи ја пречека поповата ќерка , која ја придружуваа три секси танчерки, топ моделот Спасоје Кликовац и згоден полугол билдер ,кој на сцената беше во улога на крал. Вечерва е финалето на фестивалот, а првата награда ќе се борат Мартинијан Кириловски, Антонија Гиговска, Наде Талевска, групата Чикс, Марија Груевска, Анабела и Зоран Илиев, Пепа, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Лина и други.