Нова пролет, нова ера, нови мотивации | | Trendseteri
Menu

Нова пролет, нова ера, нови мотивации

Нова пролет, нова ера, нови мотивации

 

Денес календарски започнува пролетта. Најубавото годишно време на северната хемисфера настапува во 11:20 часот. Во исто време на јужната хемисфера ќе настапи есен.

Доаѓањето на пролетта означува ова ера, ги буди сите сетила, асоцира на детска игра, детски спокој. Прогледување. Зумбули, кринови, лалиња. Сонце, шарена облека, прошетки, излети, насмевки, зеленило. Сè е расцутено. Нова ера. Нови мотивации.

Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето изгреа во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути. Месечината ќе изгрее 18 минути по полноќ, а ќе зајде во 10 часот и 16 минути.

Временските услови го отсликуваат првиот пролетен ден како што доликува, со сонце.

Наредниот викенд, ноќта помеѓу 25-ти и 26-ти Март, ќе почне летното сметање на времето, при што стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред.