На Велигден – Пепа Димитрова | | Trendseteri
Menu

На Велигден – Пепа Димитрова

На Велигден – Пепа Димитрова

 

 

Нашиот македонски евергрин, нашата химна “На Велигден” на Џина Папас Џокси, песна која ја обработиле и препеале во неколку наврати, оваа година нашата позната македонска пејачка Пепа Димитрова на свој препознатлив начин во една модерна, етно-џез верзија, “од женски агол” ја преработи и препеа оваа позната и надалку слушана песна за време на велигденските празници.

Песната е снимена во студиото “Ентерпрајз” на Тино Скендеровски под водствто на Дамир Имери, додека видеото е снимано во продукција на “Енигма продукција”. Режијата ја потпишува Дарко Масларковски. Во видеото гостуваат познати македонски музичари, меѓу кои Кире Кузманов на саксофон и Стефче Стојковски на гајда, кавал и мандолина.

Во продолжение ви предлагаме да ја слушнете новата обработка…