„ТианДе“ со ново лице…
Русокосиот Спасоје Кликовац се најде во новата рекламна кампања на брендот „ТианДе“. Овој познат руски бренд на козметика од природни состојки, наголемо се пробива на нашиот пазар, а токм убавото лице на Кликовац се најде на нивнииот рекламен материјал и тоа за супер шампонот за опаѓање и зајакнување на косата посебно кај мажите. Спасоје Кликовац е наш најпознат и најплатен машки модел кој досега беше дел од многу реклами и видео записи. Тој последен пат учествуваше на хуманитарната ревија „Бал на различностите“ за лицата со посебни потреби во организација на поп ѕевздата Ребека. Фото -Бобан Матевски