Македонија опасна земја за ќерката на Цеца
На вечерашното хуманитарно фризерско-шоу за Љупчо Петрушевски, поточно познатиот Бубе – Ин, најавената специјална гостинка од Белград, ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, сепак нема да биде присутна. Организаторот на хуманитарната манифестација добил порака од Анастасија дека го откажува гостувањето.
Објаснила, како што вели организаторот, дека Српските безбедносни служби процениле дека не е безбедно сега во Македонија и да не патува за Скопје.
Под мотото „Мајсторите за мајсторот“ денес, со почеток во 19 часот во Музејот на современа уметност на Скопското Кале, ќе се одржи фризерското шоу на кое ќе бидат собрани средства за потребната операција на Бубе, сопственик на познатото фризерско студио во Скопје „Бубе-ин“.
„На шоуто најдобри стилисти од земјава, но и балканот ќе ги презентираат последните новитети на своите брендови. Влезот ќе чини 500 денари, средства кои ќе бидат донирани за фризерот, а билетите можете да ги набавите пред почетокот на шоуто, во Музејот на современа уметност на скопското Кале.